СЗО следи нова варијанта на коронавирусот наречена „Mу“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на коронавирусот, наречена „Му“, која првпат беше идентификувана во Колумбија во јануари, соопштија ОН.

Новата варијанта со научно име Б.1.621 засега е класифицирана како „варијанта што треба да се следи“, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки извештај за еволуцијата на пандемијата на коронавирус.

СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината. Сите вируси, вклучително го и коронавирусот (САРС-ЦоВ-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Сепак, одредени мутации можат да влијаат на карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот.

Овој вид првпат беше откриен во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи