УНИЦЕФ: Безбедна и успешна година на сите ученици, наставници и училиштен кадар

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Првиот училиштен ден е возбудлив ден за учениците. Возбудата се должи на отпочнувањето нова фаза во нивните животи, фаза во која откриваат нови знаења и вештини, но и сопствените бескрајни можности. Училиштето не е само зграда. Тоа е место за учење, место во кое децата стекнуваат независност, се прилагодуваат на нова рутина и развиваат значајни релации со наставниците и учениците, порача претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани.

Ди Џовани вели дека првиот училиштен ден за учениците од Македонија е од голема важност бидејќи за голем дел од нив тоа претставува можност првпат по 54 седмици поминати пред дигиталните екрани да се вратат во училиштата. Според податоците тоа е долг период од просекот на другите земји во Европа и Централна Азија, што изнесува 25 седмици.

„Токму затоа повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство е клучен чекор напред кон обезбедување дека секое дете има пристап до квалитетно образование коешто ќе му помогне да ги изгради и унапреди вештините коишто ќе му бидат потребни во животот“, се вели во соопштението.

Од УНИЦЕФ истакнаа дека и во време на пандемија земјата успешно се справи и со други модели на настава. И покрај неизвесноста што постоеше на почетокот на пандемијата, префрлањето кон онлајн настава претставуваше неопходна мерка. Но, онлајн наставата не може да биде долгорочно решение и замена за наставата со физичко присуство.

„Улогата што ја имаа наставниците во тоа време беше одраз на голем ентузијазам, истрајност, креативност, како и на квалитетот и професионалноста што ги поседуваат наставниците во оваа земја“, додава ди Џовани.

Претставничката на УНИЦЕФ вели дека наставата со физичко присуство им овозможува на наставниците да им помогнат на учениците кога тие имаат тешкотии во учењето, кога имаат потреба од емоционална поддршка, или кога се соочуваат со други грижи и препреки коишто негативно влијаат на добросостојбата на децата.

УНИЦЕФ го посочи наставниот кадар како добар пример кога станува збор за Ковид-19, имајќи предвид дека седум од десет наставници се вакцинирани пред почетокот на училишната година

„На првиот ден на училиште, сакам да им посакам на сите ученици, наставници и училиштен кадар безбедна и успешна училишна година. Децата и младите не можат да ризикуваат уште една година со прекини во наставата. Сега им е потребна нашата поддршка повеќе од било кога претходно“, порачаа од УНИЦЕФ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи