15 годишно девојче почина од ковид-19 на Инфективна во Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 15-годишна пациентка од Селце, Тетовско.

Според информациите од Министерството за здравство, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста.

„Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со ковид-19“, велат од Министерството за здравство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи