ВИДЕО -Јовчески: Образованието ќе биде наш врвен приоритет – имајте среќна и успешна учебна година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На сите ви го честитам почетокот на новата учебна година и ви посакувам  бројни  успеси во истата.  Денес е убав ден и нека биде среќен ден на сите! После една година, учениците повторно се враќаат во училишните клупи,во училиштата ќе се слуша детскиот џагор. Истакна на денешната прес конференција Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Имајќи ја предвид корона кризата, а дополнително и како лекар,сакам да порачам на сите да се придржуваме до мерките за заштита од корона за колку што е можно побрзо животот и на децата и на возрасните да се врати во нормала.

Да се инвестира во образованието, значи да се инвестира во знаењето на децата и нивната иднина. Да се инвестира во образованието значи да се инвестира во иднината и на Прилеп и на Р. Македонија. Квалитетното образование е клучот за сигурен прогрес во едно општество.

Во наредните 4 години, сериозно ќе пристапиме кон решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат, наставниците учениците и нивните родители. Ве уверуваме дека образованието ќе биде во фокусот на нашето работење!

Ќе извршиме реконструкција на повеќе основни и средни училишта во Општина Прилеп. Како во градот, така и во селата од нашата општина. Ќе инвестираме и во спортот, здравиот начин на живот на децата,како и во градењето здрави навики во едни пристојни услови за спортување.

Согласно корона кризата со која сите ние се соочуваме, ќе пристапиме кон добро менаџирање и ќе понудиме решенија за нормално одвивање на наставата, според најдобриот интерес на децата. Нема да дозволиме нивното време за образование и надоградување, да биде залудно потрошено во некакви експериментални решенија.

Почитувани, само со макотрпна работа и инвестиции, соработка како со родителите, така и со наставниците и професорите, ќе придонесеме за подобрување на целокупниот образовен процес. Образованието ќе биде врвен приоритет во нашето работење. Имајте среќна и успешна учебна година!“, вели Јовчески.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи