Бучковски: Ако досега ги прифатевме барањата од бугарската страна, ќе имавме решение

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Не може да се очекува брзо решение на проблемот со Софија. Треба да бидеме подготвени за бугарските црвени линии. Идната бугарска влада сепак ќе биде под голем притисок од ЕУ и САД, вели специјалниот претставник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за Гласот на Америка.

„Очигледно е дека сега се тактизира со третиот мандат кој го доби Бугарската социјалистичка партија и извесно е дека и тие не можат да направат политичка влада. Тоа значи дека во ноември ќе има и претседателски избори кои се редовни и овие трети избори кои се повторени. Тоа значи дека до крајот на ноември, почетокот на декември, ќе немаме од другата страна соговорник. Така што ќе мора да чекаме до декември.

Изгледа дека е тешко, но не е невозможно ако има јасно изразена волја од двете страни. Ако досега ги прифатевме барањата од бугарската страна, ќе имавме решение. Затоа мислам дека е чекор напред нашата декларација со која конечно ВМРО ДПМНЕ покажа подготвеност да ги подржи напорите што ги прави македонската влада, македонскиот претседател, во изнаоѓање на заедничко прифатливо решение, при што ќе се внимава на евентуалното загрозување на нашиот идентитет“, истакна Бучковски.

Сепак, Бучковски верува дека идната бугарска влада нема да биде комотна во однос на разговорите за решение на спорот.

„Мора со Софија директно да се договориме. Но нема да биде и идната бугарска влада во комотна позиција, бидејќи се зголемува притисокот и од ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД, кој е исклучително заинтересиран за стабилноста на Западен Балкан. Мислам дека ќе имаме добра шанса, но зависи се од нас. Треба и од бугарска страна да се влезе отворено, рационално и прагматично во решавање на овој проблем“, вели Бучковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи