ВИДЕО – Бочварски: Експресниот пат Прилеп-Градско ќе биде готов во 2023, ќе се рехабилитира и постоечкиот пат на Плетвар

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Двете делници на експресниот пат Прилеп-Градско, првата од Градско до Дреново и втората од Дреново до Фариш се изградени по 35%. И на двете делници сега има нови изведувачи. Од Градско до Дреново сега гради австриски Штрабах, откако претходно Владата го раскина договорот со италијанската компанија „Тирена скави“, а од Дреново до Фариш изведбата ја презеде кинеската „Синохидро“откако и таму Владата го раскина договорот со претходниот изведувач, шпанската Рубау. Сега овој случај е на меѓународен суд. Ќе се рехабилитирал и сегашниот пат на Плетвар.

„Успеавме да ги надминеме сите настанати проблеми така што очекувам овој експресен пат да биде финиширан комплетно во средината на 2023 година. Започнуваме и со рехабилитација на целиот премин Плетвар. Во текот на наредните денови ќе започне комплетна рехабилитација на превојот Плетвар“, истакна Благој Бочварски, министер за Транпоспорт и врски.

 

„Ќе биде од огромно знамење за граѓаните, пред се за подобар економски развој на овие општини, пред се за товарниот и патничкиот сообраќај на овој регион, за кого што превојот Плетвер е голема пречка и ние секојдневно ја чувствуваме. Времетраењето за Скопје ќе се скрати сигурно за половина час, а пред се најважна ќе биде безбедноста на граѓаните при ова патување“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Вкупната инвестиција за овој експресен пат изнесува 64 милиони евра, а освен овие 2 делници ќе треб а да се направи и проширување на Плетвар со трета лента онаку каде што ја нема и проширување на патот од Прилеп до Ленишка река. Ова е единствениот пат кој освен преку Скопје, ја спојува Источна со Западна Македонија.

„На растојание од само 10 км. на делницата од Дреново до Фариш, се градат 2 тунели, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, 1 кружен тек на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт. Што само по себе зборува за каков тежок пристапен терен станува збор“, додаде Ејуп Рустеми, директор на ЈП за ДП.

 

„Она што нас како прилепчани особено не радува, а тоа е дека изведувачот, министерството за транспорт и врскии и ЈП за ДП, се со сериозен интензитет во изградбата и она што посебно не радува е рокот за крајната изведба на овој патен правец 2023 година и се надеваме дека повеќе нема да има проблеми“, вели Миле Талески, пратеник од Прилеп.

Министерот за транспорт и врски истакна дека моментално изградбата на автопатот Кичево Охрид е во застој затоа што договорот за градба завршил во јуни, а Собранието се уште го нема усвоено 4 анекс за продолжување на рокот за изградба со кинеската Синохидро според кој ќе се предвиди дека автопатот треба да биде готов до декември 2023 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи