Заев: Има доволно време за да пристигнат терминалите за отпечаток од прст за изборите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев смета дека се уште има време за да пристигнат терминалите за отпечаток од прст, кои првпат ќе се користат на локалните избори.

„Навистина не ги знам деталите и се информирам од медиумите. Мојот личен впечаток е дека ќе стигнат навреме терминалите затоа што има се уште време, дури и за првите терминали за тест периодот во кој е предвидено да има тестирање за да може комплетно да ги покриеме сите избирачки места“, рече Заев во одговор на прашање по денешната промоцијата на паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”.

Очекува со подготовка на ваквите компјутерски терминали навремено да почне процесот на избори на 17 октомври, кога првпат ќе се гласа со отисок на прст.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи