Заев: Оној кој ќе се спротивстави на одлуките на партијата, не може да биде СДСМ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Статутот на партијата, кој членовите го почитуваат како устав, јасно стои дека оној што ќе тргне против партијата и ќе се спротивстави на одлуките на партијата, не може да биде СДСМ, рече денес премиерот Зоран Заев за најавеното исклучување на сегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, откако тој се одлучи за независна кандидатура на претстојните локални избори.

На следната седница на Централниот одбор, Заев рече дека само формално ќе се помине процедурата за исклучувањето кое самиот Димитриевски го направил со независната кандидатура.

„Максим Димитриевски беше член на Конгрес, по функција член на Централниот одбор, како градоначалник секогаш имал можност да дојде да ги каже своите забелешки. И овде јасно ја знае процедурата како се донесуваат одлуките и неговата определба да не дочека СДСМ да ја донесе одлуката и преурането да го напушти процесот на селекција на кандидатите, согласно сите истражувања кои ги правевме, е негова лична одлука и со таа лична одлука ја донесе и одлуката за себеисклучување од СДСМ.

СДСМ е исклучително демократска партија која своите одлуки и определби не ги носи на основа на ставови на поединци или на некој колектив, туку ги носи на своите органи и тела и на основа на Статутот, тој за нас е најважниот документ по кој работиме и секако е израз на максимална демократска процедура во СДСМ. Таму е јасно опишано, кога ќе тргнете против СДСМ, кога ќе се спротивставите на СДСМ, не можете истовремено да бидете и член на СДСМ“, рече Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи