Најдолгата пешачка рута во светот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Најдолгата улица на светот по која без прекин би можеле да пешачите се протега од Кејптаун, Јужна Африка, до Магадан, Русија.

Пешачката рута е долга околу 22.000 километри, а лицето што ќе ја следи ќе помине низ 16 држави и 6 временски зони и ќе ги доживее сите годишни времиња и временски услови во светот.

Според гугл-мапите, пешачењето  би траело 5.000 часа, односно 187 дена, но без прекин. Сепак, ако претпоставиме дека просечно се поминуваат пеш по 8 часа на ден, без ден одмор, патувањето ќе трае 562 дена.

Сепак, никој досега не се обидел да ја испешачи оваа патека. Трасата е полна со визни ограничувања, региони зафатени од војна, граѓански војни и нестабилни влади. Покрај политиката, на секој што би се обидел да го исполни овој предизвик ќе му требаат исклучителни вештини за да се справи со постојано променливиот терен и температури.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи