Објавен е трејлерот за новиот филм со Џејмс Бонд, No time to die

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Објавен е трејлерот за 25-тото продолжение од култниот серијал со тајниот агент 007 или Џејмс Бонд. Филмот е насловен како No time to die.

Во ова продолжение, Бонд ја напушта активната служба и се посветува на мирен живот во Јамајка. Но, неговиот мир не трае долго, бидејќи се појавува негов стар пријател од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) молејќи го за помош, при што двајцата треба да спасат киднапиран научник.

Покрај Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, во филмот глумат и Реми Малек, Ана де Армас, Кристоф Волц, Ралф Фајнс и Леа Сејду, додека како режисер се потпишува Кери Фуканага.

Ова воедно ќе биде и последно појавување на Крег во улогата на легендарниот таен агент 007.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи