Падна Инстаграм низ целиот свет, проблемот се уште не е решен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Социјалната мрежа Инстаграм, според корисниците на апликацијата ширум светот престана да работи.

Проблемот е присутен низ целиот свет од утрово, според сајтот „Down Detector“, кој ја следи работата на најголемите платформи на Интернет.

Во целиот свет, Инстаграм „падна“ пред неколку часа, додека корисниците во Македонија имаат проблем од околу 13:30 часот.

Корисниците кои се одјавени не можат да се најават преку Фејсбук или преку е -пошта и лозинка, а оние што се најавени не можат да објавуваат фотографии и „сториња“.

Со хаштаг #InstagramDown на Твитер, стотици твитови од целиот свет се објавени во последните неколку минути. Некои корисници прашуваат за што станува збор, некои ги информираат другите, додека други се шегуваат за честите проблеми во работата на социјалната мрежа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи