Претрес на Деве Баир: Возач на гостиварски автобус криел 100.000 франци во џебовите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци.

На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV 7396 АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О. државјанин на Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.

Девизните средства се привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд Во Крива Паланка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи