Хоџа: Законот за земјоделско земјиште се очекува во септември да се најде на собраниска процедура

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска информираше дека завршната верзија на Законот за земјоделско земјиште е подготвена.

„Дебатите најмногу беа посветени на забелешките, односно во делот на да не се ограничи урбаниот план на општините со земјоделското земјиште. Беше побарано да се тргне делот на стратешки инвестиции и тој дел целосно го нема во Законот. Мислам дека веќе имаме Закон што самите земјоделци го бараа и е согласно нивните потреби“, додава Хоџа.

Во однос на големината на парцелите, министерот појасни дека нема да бидат ограничени, односно за тие што поседуваат поголеми парцели, Владата ќе одреди до кој процент можат да се купуваат од самите концесионери.

Министерот Хоџа додаде и дека новиот Закон предвидува десет години да не се пренамени земјиштето за цели на општината. Тој истакна дека поради потребите на општините и развојот земјоделското земјиште што ќе се пушти на продажба ќе биде само тоа што не се граничи со границите на генералните урбанистички планови на општините.

Законот е пуштен во владина постапка и во текот на септември ќе биде во собраниска процедура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи