Царовска: Службите ќе утврдат дали второодделенци во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ се сместени во подрумска просторија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На новинарско прашање дали има информација дека ученици во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ од второ одделение се сместени во подрумска просторија на училиштето без дневна светлина, без проветрување, без оние суштински мерки кои се потребни да се заштитат од коронавирусот и дали има иста ваква слика во другите училишта, министерката Царовска рече дека неофицијално е информирана за овој случај.

„Пред да дојдам на овој настан јас бев информирана неформално, неофицијално дека такво нешто постои во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“. Службите се на терен ќе се утврди дали е тоа така или не заради тоа што не смее по стандард да бидат учениците сместени таму. Веднаш ако се утврди дека тоа е така ќе се преземат мерки отстранување на таквата неправилност.

Иако морам да истакнам дека општините се надлежни за организација и инфракструктурно подобрување или организирање на училиштата, но сепак Државниот просветен иснпекторат ќе има своја постапка за отстранување на таквите неправилности“, рече Царовска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи