Царовска: Учењето не значи учебник

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


По информациите дека некои ученици од четврто одделение во Скопје немаат учебници, ниту таблети, а и ученици во шесто одделение немаат учебник по историја, министерката за образование Мила Царовска вели дека има многу начини да се учи, а тоа не значи само постоење учебник.

„Учениците имаат таблети, учениците имаат учебници. Родителите, наставниците и административниот кадар имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети кои се во училиштата и втора работа е дека ги спуштаат по информации во вибер групи или емаил адреси за тие да ги инсталираат“, изјави Царовска.

Министерката додава дека не постои никаков проблем дека учебници ќе има.

„Учењето не значи учебник. Многу е значајно новата концепција да ја промени парадигмата на учење. Тоа е новата идеја на концепт на учење. Учиме преку истражување, учиме преку практикува и учиме преку сикусија и анализа на различни содржини кои се наоѓаат на различни извори на информирање за да тоа што ќе го научиме, утре знаеме да го употребиме “, вели Царовска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи