Ќе има ротација на попишувачите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев е убеден дека ќе нема проблеми со попсисот и најави дека за граѓаните кои ќе одбијат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи за нив преку ротација ќе се обезбедат вакцинирани попишувачи.

„Ќе се трудиме со максимална флексибилност тие граѓани што ќе одбијат невакцинирани попишувачи да бидат попишани од вакцинирани попишувачи. Кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, односно кај тие граѓани да бидат испратени вакцинирани попишувачи. Голем дел од поишувачите се вакцинирани, а мал е бројот на граѓаните кои одбиваат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи. Имајќи предвид дека пописот е 25 дена може да ги собереме сите податоци за граѓанитe“, вели Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи