Глобален Форум “Roaring 20s Digital” – дигитализацијата и глобалната заедница

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Претставник на Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР беше дел од глобаниот форум Roaring 20s Digital, на кој познати експерти од  целиот свет дискутираа за клучните трендови и предизвици со градењето дигитална доверба во полето на финансиите, демократијата и технологијата; предизвиците за науката и вистината за време на тековната пандемија; како и геостратешките влијанија.

Идејата на форумот е вмрежување со цел создавање на силна мрежа на соработка која ќе ги поврзе претставниците на медиумите, граѓанските организации, бизнис секторот и властите односно професионалците од различни области да заедно креираат идеи за Обновување на Довербата, Одбрана на Вистината и Реобсмислување на влијанието.

Информационите и информатичките системи постоеле години наназад, во праисторискиот период. Потоа, со појавата на компјутерите животот стана многу полесен, а појавата на интернетот овозможи глобално поврзување. Луѓето се рецептори на информации и тие ги обработуваат информациите, но информациите значително влијаат на начинот на кој ние се однесуваме и реагираме особено на социјалните медиуми. Соочени од големиот проток на информации и неограничените можности што ги носи дигитализацијата, се повеќе сме сведоци на позитивните придобивки од користење на информациите и технологијата, односно од новиот информациски екосистем –  Smart cities, дигитална економија,  smart web, и др. Сведоци сме на многу позитивни примери и добри практики каде дигитализацијата забележала значајни достигнување во градење на безбедни и одржливи заедници преку безбедна и сигурна симбиоза помеѓу граѓаните и информациските системи. Знаењето и податоците преку информациските системи водат кон децентрализирана автономија каде се создава можност за активно вклучување и одлучување од страната на заедниците што претставува нов начин на директна демократија.

Но, и покрај многубројните придобивки, влијанието на дигитализацијата создава дигитален “јаз”, нееднаквост и дислокација на ресурси, а преку концептот на дигитална платформа за медиуми се отворија можности за лажни вести, дезинформации и огромно влијание врз довербата. Во новиот информациски екосистем неопходна е поддршката на слободно и независно новинарство со фокус на промовирање на вистината и довербата.

“Без доверба не можете да имате ништо, никогаш немало помала доверба во медиумите и новинарството. Нафтата беше валута; сега, довербата е единствената валута, ако имате доверба имате моќ. Фактите не резултираат со доверба; довербата започнува со автентична размена и иновативност во споделувањето на информациите. Потребна ни е транспарентност, историја и проверка на факти.” – Shawn Powers, Chief Strategy Officer, U.S. Agency for Global Media, U.S.

Форумот обедини учесници од над 40 земји од светот, кои преку поврзувањето со докажани светски експерти препознатливи по својата експертиза во различни области имаа можност да учат од најдобрите како да го зголемат своето влијание за промовирање на вистината, враќање на довербата и позитивни влијанија за глобалната заедница.

Повеќе информации за Roaring 20s Digital Forum проследете на www.facebook.com/digicomnet.org

Автор: Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи