Заев: Ќе обезбедиме таблет уреди за дечињата од посиромашните семејства

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Државата ќе скрати од таму каде што е помалку важно за да обезбеди средства за набавка на таблет уреди за сите дечиња од посиромашните семејства за да се чувствуваат еднакви со другите, порача денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање дали Владата планира да обезбеди средства за купување таблет уреди за учениците.

„Државата, Владата, Министерството за образование и наука постојат за граѓаните, а двојно повеќе постојат за децата. Нема дилеми дека ќе направиме се за да обезбедиме еднакви услови за сите за никој да не се чувствува заборавен и сите деца, пред се оние кои доаѓаат од посиромашните семејства, да бидат еднакви.

Важно е да се знае дека ќе бидат обезбедени печатени учебници таму каде што нема таблет или каков било дигитален апарат за да може да се гледа наставната програма.  Наша тенденција ќе биде веднаш да дејствуваме и да обезбедиме еднакви услови за да не би се чувствувале поделени или заборавени дел од децата кои се од посиромашни семејства и кои не можат да обезбедат таблети. Државата ќе биде тука и ќе сториме се, ќе скратиме од таму каде што е помалку важно, да интервенираме на ова важно прашање“, порача Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи