Легендарната АББА повторно заедно после 40 години во новиот албум „Патување“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Иако се заколнаа дека никогаш нема повторно да се соберат, речиси четири децении подоцна од разидувањето, легендарната шведска група АББА  го најави своето „сензационално“ музичко враќање.

Славниот бенд продаде повеќе од 400 милиони примероци од албумите и влијаеше врз генерации поп-музичари.

По победата на Евровизија во 1974 година со нумерата „Waterloo“, станаа глобални суперѕвезди.

Седумдесетгодишите автори на поп-класиците како „Dancing Queen“, „The Winner Takes It All“ и „Take a Chance on Me“, вчера најавија „историска“ објава во 18.45 часот по средноевропско време.

„Ви благодариме што чекавте, патувањето наскоро почнува“, објави минатата седмица на Twitter славната четворка Ани-Фрид Лингстад (75), Агнета Фалтског (71), Бјорн Улвеус (76) и Бени Андерсон (74). Новиот албум со 10 песни официјално ќе излезе на 5 ноември.

Поп групата најави турнеја, но виртуелна со холограми на членовите. Бјорн и Бени открија дека концертот ќе трае околу час и половина и ќе бидат изведени 22 песни.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи