Османи: Деновиве ќе пристигне нова група Авганистанци, ние сме НАТО и така се однесуваме

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Деновиве ќе пристигне нова група луѓе од Авганистан и ќе ја потврдиме нашата хуманост. Ние сме НАТО и така се однесуваме. А тоа што се случува во Авганистан, но и од аспект на други геополитички поместувања, покажува дека непредвидливоста останува главна карактеристика на меѓународен планд, затоа е важно да ја градиме нашата меѓународна позиција. Сепак, треба да се зајакне контролата на можна појава на нелегална миграција и опасност од криумчарење, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи.

На денешната тематска дискусија која министерот за надворешни работи Бујар Османи ја водеше заедно со членовите на Стратешкиот совет на МНР, а е поврзана со случувањата во Авганистан, министерот најави дека се очекува во наредните денови да пристигне и друга група луѓе од Авганистан.

„Досега имаме дадено согласност на 750 барања, пред сè на меѓународни организации кои работеле со нас. Кога велам „нас“, мислам на НАТО, затоа што ние сме сега НАТО“, рече Османи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи