Петкоски: Кривична пријава за директорот на ООУ „Климент Охридски“ за бесправно градење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење“, денес ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп против директорот на ООУ „Климент Охридски“-Прилеп, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп, Влатко Петкоски.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Почитувани сограѓани,

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење“, денес ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп против директорот на ООУ „Климент Охридски“-Прилеп.

Зaради поседување на индиции, ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп писмено се обрати до надлежниот орган на Општина Прилеп при што јасно беше посочено дека пријавениот нема поднесено барање за издавање на одобрение односно решение за градба, ниту пак такво е издадено од страна на истиот орган. Исто така се обративме и до градежниот инспекторат на ЕЛС Прилеп од каде што е излезено на лице место и констатирано е дека оградниот ѕид е порушен. Во месец мај 2021, со избрана фирма е порушен стариот ограден ѕид на ООУ Климент Охридски и свесно, без никакво прибавено решение започнати се останатите градежни подготовки и активности.

На ваков начин, во овој момент, на самиот почеток од учебната година, сериозно е доведена во опасност и безбедноста на учениците кои започнаа со настава во истоименото училиште кое се наоѓа на една од пофреквентните раскрсници во градот.
Прашање е зошто и покрај претходното јавното апелирање од ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп, Општина Прилеп остана глува и не превзеде никакви дејствија по однос на ова прашање и дозволи денес да бидат ставени во опасност животот и здравјето на сите дечиња-ученици во Климент Охридски.

Ги повикуваме Илија Јованоски и Горан Сугарески, наместо предизборно да се сликаат пред улиците на кои граѓаните ги искршија колите и пред проектите кои 100 пати ги ветуваа, а не се реализирани, да излезат на лице место и да се уверат со свои очи во овој хаос.

После смена на власта и победата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе пристапиме кон транспарентно, домаќинско и сериозно работење и решавање на проблемите на сите граѓани.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Friday, September 3, 2021

„Зaради поседување на индиции, ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп  писмено се обрати до надлежниот орган на Општина Прилеп при што јасно беше посочено дека пријавениот нема поднесено барање за издавање на одобрение односно решение за градба, ниту пак такво е издадено од страна на истиот орган. Исто така се обративме и до градежниот инспекторат на ЕЛС Прилеп од каде што е излезено на лице место и констатирано е дека оградниот ѕид е порушен. Во месец мај 2021, со избрана фирма е порушен стариот ограден ѕид на ООУ Климент Охридски и свесно, без никакво прибавено решение започнати се останатите градежни подготовки и активности.

На ваков начин, во овој момент, на самиот почеток од учебната година, сериозно е доведена во опасност и безбедноста на учениците кои започнаа со настава во истоименото училиште кое се наоѓа на една од пофреквентните раскрсници во градот.

Прашање е зошто и покрај претходното јавното апелирање од ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп, Општина Прилеп остана глува и не презеде никакви дејствија по однос на ова прашање и дозволи денес да бидат ставени во опасност животот и здравјето на сите дечиња-ученици во „Климент Охридски“.

Ги повикуваме Илија Јованоски и Горан Сугарески, наместо предизборно да се сликаат пред улиците на кои граѓаните ги искршија колите и пред проектите кои 100 пати ги ветуваа, а не се реализирани, да излезат на лице место и да се уверат со свои очи во овој хаос.

После смена на власта и победата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе пристапиме кон транспарентно, домаќинско и сериозно работење и решавање на проблемите на сите граѓани“, рече Петкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи