Ревакцинирани 555 322 Македонци

Facebook
Twitter
Email
Print

Play Video

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, соопшти Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.475 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани.

Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи