Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ заедно со ученици од Чешка споредуваат постапки за извршување на здравствена нега

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во рамки на еразмус+ проект во периодот од 01-03.09.2021 се реализираше последната средба од проектот 2018-1-CZ01-КА229-047990-2 „Училишта за медицински сестри од Чешка, Финска, Македонија и Шпанија споредуваат постапки за извршување на здравствена нега”.

Заради актуелната Ковид ситуација, партнерите од Шпанија и Финска не беа во можност да дојдат во нашата земја. Заради протоколите за заштита активностите не можеа да се одвиваат во нашето училиште. Но гостите имаа можност да се запознаат со позначајните обележја од нашиот град, музејот, галеријата со икони, музејот при институтот за тутун. Исто така, гостите имаа можност да го посетат вакциналниот пункт и да видат како се изведува процесот на вакцинација“, истакна Петра Лукароска, директорка на  СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи