Ќе се градат фотоволтаици во Крушево, инвестиција вредна 5 милиони евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во просториите на општина Крушево денес се одржаа јавни презентација и расправа за урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаични електрани. Со оваа расправа се најавува инвестиција од 5 милиони евра во изградба на фотоволтаици.

„Ја најавуваме оваа голема инвестиција и очекуваме за брзо почеток со работа на терен. Изградбата на фотоволтаични електрани е инвестиција вредна 5 милиони евра и претставува резултат на соработка со инвеститори од државава и странство. Како што ветивме, се посветивме на изградба на инфраструктурата за да отвориме простор за инвестиции. Во блиска иднина очекуваме и нови работи во однос на инвестициите од оваа и други области“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи