„Бесчујна работна сила“ – Трудова експлоатација во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Под терминот трудова експлоатација, се подразбира трговија со луѓе заради цели како што се: присилна работа, ропство, присилно питачење, повреда на работничките права и сл. Исто така тоа е цел процес на присвојување и експлоатација на туѓ труд од страна на сопствениците на бизниси и посредувачи за работа. Трудовата експлоатација како глобален проблем е кривично дело против човештвото, кое уништува многу животи и не прави разлика на жртвите по основ на пол, раса и етничка припадност.

Услужните дејности, како што се: земјоделството, текстилната индустрија, индустријата за изработка на  обувки и индустријата за кожа, градежната индустрија, сезонската работа и индустријата за забава се најчестите индустрии во кои ризикот од експлоатација на труд е повисок заради несигурната природа на условите за работа, ниските плати, недоволната контрола од страна на надлежните органи и неправилното казнување на корумпираните работодавачи.

Фактори кои придонесуваат за процесот на трудова експлоатација се: сиромаштијата, невработеноста, ниското ниво на образование, недоволнен степен на информираност од страна на лицата, лажни или огласи со мала веродостојност кои постојано кружат низ разни медиуми, како и континуираниот влез на мигранти во Македонија. Најрзични групи на трговија со лица со цел трудовата експлоација се ромската популација, мигрантите и бегалците, лица кои живеат во лоши социо-економски услови, како и младите без квалификации. Лицата најчесто се водени од желбата да најдат добро работно место со што би имале подобри услови за живот и поголеми финансии. Се ова е добро искористено од страна на посредникот или од оној што организира примамливи вработувања. Многу често тоа може  да е познаник или близок член на семејството од жртвата.

Во истражување на ГРЕТА направено во 2020 година, во странски држави каде што луѓето најчесто мигрираат за подобар живот и поголеми финансии, има македонски државјани кои се жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Забележана е бројка од 52 македонски државјани – жртви на трудова експлоатација во градежништвото во последната година. Во истото истражување се добиени податоци за малолетни лица на возраст од 13 – 17 години кои се жртви на трудова експлоатација во Македонија.

Според друго истражување на ИОМ, трудовата експлоатација во Македонија е доминантна кај возрасните мажи, додека пак жените се жртви на трудова и сексуална експлоатација.

Во Македонија кога се зборува за трудовата експлоатација веднаш доаѓа асоцијација дека станува збор за работни позиции кои најчесто се нелегални, на кои што лицата работат без договор и работна дозвола. Вработените примаат паричен надомест сосема поинаков отколку првичниот договорен. Лицата се казнувани и понижувани, принудени се да останат повеќе саати од договореното работно време.

Надлежните служби да бидат оние кои први ќе бидат во контакт со потенцијалните жртви и од особена важност е да бидат запознаени со индикаторите кои допринесуваат за трудова експлоатација. Но не да се пропуштаат и негираат факторите со што веќе настанатиот случај ќе станува се повеќе сериозен и ќе се опфатат поголема група на луѓе во постоечки случај на експлоатација. Раната превенција треба да се одвива на начин на кој ќе се делува во подигнување на свеста кај граѓаните, да бидат запознаени кои се нивните човекови и работнички права,а особено да се обрне внимание на ранливите групи на граѓани. Препорака е да посетуваат обуки и работилници на кои ќе се стекнат со животни вештини преку кои полесно ќе може да го препознаат ризиците при наоѓање на соодветно работно место.

Автор: Сара Мијакоска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи