ВИДЕО – Диџеј сет на Mitrik b2b Samardjiski на „Цело е кога се има 30“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Диџеј сет на Mitrik b2b Samardjiski на „Цело е кога се има 30“. Уникатна електронска селекција на најсвежите минимал хаус изданија, електронски класици, 313 продукција и танцување низ некои македонски преработки во модерен стил.

Митрик Александар

„ROOM 313 е промотерска асоцијација која функционира од 2013 наваму и за цел има да промовира алтернативна електронска музика, каде што промовираме млади артисти кои не се толку истакнати, колку што можеме пробуваме да ги истакнеме во електронскиот свет. 

ROOMANIA е серијал на аудио подкасти каде се обидуваме вон сезона да вклучиме македонски артисти, но и светски и да покажеме дека и во Македонија имаме артисти кои можат да се носат рамо до рамо со светските истакнати диџеи.

Серијалот ROOMANIA е како производ на периодот кој ни следуваше каде што немавме настапи, тоа е креативност која се роди и моравме да најдеме начин нешто да направиме онлајн, па така испадна, направивме своја платформа каде промовираме квалитетна електронска музика.

Вечерва настапуваме заедно со Самарџиски, во нашиот концепт имаме вклучено моменталниот стил кој го промовираме ние, а тоа е минимал хаус, но во зависност од тоа што ќе гледаме пред нас може и да импровизираме.

Вакви фестивали се потребни бидејќи ги има малку, ова е култура која зема голем замав низ светот, па мислам дека е потребно да се презентира и кај нас тука. Мислам дека баш Прилеп можеби заостанува пред другите градови, во другите градови е поистакнато ова. Ни фалат фестивали, тука во склоп на овој фестивал имаме само еден мал дел на електронски стил, но мислам дека ни е потребен фестивал каде што ќе можеме во повеќе денови да презентираме повеќе стило на електронска музика“, вели Митрик.

Еве дел од атмосфера – Уживајте!!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи