ВИДЕО – Зарина Првасевда: Името за на сцена сакав да асоцира на Македонија и традиционална македонска песна

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Евгенија Здравеска или позната како Зарина Првасевда вечерва одржа прекрасен концерт на платото пред домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп во состав на фестивалот „Цело е кога се има 30“. Пред почетокот на концертот поразговаравме со неа за повеќе работи, меѓу кои и како го добила своето уметничко име Зарина Првасевда.

„Зарина Првасевда ми долета многу случајно и многу спонтано во животот, инаку доаѓа традиционалната, македонска охридска песна, „Ој Зарино првасевдо“ која во тој период си ја поистоветував некако со себеси. Не сакав името кое ми стои на лична карта да го ставам и на сцена, некако као да ги разделувам тие две работи, иако се трудам начинот на Зарина да биде во состав на она што Евгенија Здравеска и со нејзините внатрешни најдлабоки верувања. Се трудев името кое што ќе го смислам за на сцена да биде нешто што ќе асоцира на Македонија и традиционална македонска песна. Бидејќи сепак на крајот на денот јас се занимавам со светска традиционална музика и пеам на повеќе јазици. Но ете сакав мојата сценска лична карта да асоцира на Македонија, од каде што јас потекнувам и неизмерно се гордеам“, вели Зарина Првасевда.

Родена е во Демир Хиисар, сега живее во Скопје, а пред јавноста стана позната со својата изведба на „Билбил пее во планина“, која изведе токму на планина, по што следеа уште неколку вакви изведби во природа на македонски традционални песни. Сега во тек била на подготвка на својот албум

„Тоа е еден албум кој што е збирка уште од првите мои допири со традиционалната музика на други јазици, покрај на македонски. И сакав да создадам една таква збирка, односно патување во повеќе региони и ќе може публиката да дојде во допир со туѓата традиција, со нешто што досега немале можност да дојдат во допир или можеби имале, а ова е една поинаква верзија од сето тоа. Се потрудиивме да има сето тоа еден пријатен алтернативен звук, многу симбиози на различни стилови на музика. Искрено едвај чекам да го споделам. Ова што се случи со короната сиите нас не успори, но сигурно многу наскоро ќе излезе. И еден од моите поголеми соништа е да можам да го споделам во живо, затоа ставам една мала кочница затоа што  сакам да ја видам реакцијата на публиката. Затоа што на социијалните мрежи јас се трудам да бидам постојано достапна, но ова општење на публиката и јас во живо ии таа енергија која што ми ја даваат и која јас ја имам да им ја дадам нив е многу значајна и за тоа сакам и да го направам тоа и да направиме неколку концерти“, додаде Зарина Првасевда.

Евгенија или Зарина истакна дека главен виновник што таа е денес во Прилеп е проект менаџерот на „Цело е кога се има 30“, Звонко Димоски, со кого за прв пат се сретнала во Хрватска и од тогаш започнало дружењето.

„Денешниот музички перформанс ќе ги има двете песни од албумот кои што се веќе објавени, односно една е објавена, а другата е општо позната. Останатите се песни кои ги споделувам на социјалните медиуми, веќе се слушнати и имале одлични реакции. И еве вака сега сакав на оваа публика да и го дадам тоа во живо. Тука денес со мене, на моја голема радост е Филип Михајлоски, кој ми е еден од помалите братчиња и мој следбеник на мојот музички пат уште многу поодамна. Филип Михајлоски ќе свири на канон, а Андреја Мирческа ќе свири на бас. И за прв пат ќе имам шанса во овој дел од приказната со Зарина Првасевда да делам и малку женска енергија на сцена бидејќи секогаш сум со машки, денес Андреја ќе му даде поинаква боја на целото нешто и едвај чекам“ реле, Зарина Првасевда.

Зарина Првасевда e исто така голем вљубеник во природата и испрати своја порака како треба да се однесуваме кон неа и како да ја зачуваме за идните генерации.

„Многу често го зборувам тоа бидејќи природата на еден начин како да ме препороди, ме роди одново, мојата прва средба со природата, вистинска, чиста и отворена, со срце и дрво, ме направи многу поразличен човек, нешто што дури и на моменти не личеше она на што јас претходно бев. Несомнено преку природата и Зарина излезе на социјалните медиуми и тоа е дополнителен мотив зошто силно верувам и природата ми е манастир. Многу верувам во поврзаноста и обврската на човек со природата. И токму затоа секогаш се трудам да поттикнеме една мисла да ја зачуваме природата. Зошто на крајот на денот, природата воздухот кој го дишеме, ние имаме одговорност за генерациите кои следат, за нашите деца кои доаѓаат“, вели Зарина Првасевда.

Веднаш после Зарина Првасевда свој настап на „Цело е кога се има 30“ имаа Superhiks Banda Instrumentale.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи