ВИДЕО – Младеновски: Недостасуваат настани каде ќе настапуваат пред се домашни музичари, со короната дел од нас останаа без парче леб

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со својот настап Supehiks Banda Instrumentale синоќа на летната сцена на домот за култура „Марко Цепенков“ го затворија мултимедијалниот фестивал „Цело е кога се има 30“, кој што во изминативе 15 дена се одвиваше во Прилеп и Крушево. Фронтменот на Суперхис, Петар Младеновски, истакна дека ова била тажна година и половина за музичарите, но за среќа ова лето малку се поместиле работите така што тие биле на мини турнеја во Бугарија и низ Македонија. А кончено по 5 години пауза се повторно во Прилеп.

„На Македонија не само што и недостасуваат вакви настани, туку и пред ова јас бев еден од најголемите борци за што повеќе културни настани на кои ќе настапуваат што е можно повеќе и пред се домашни изведувачи. Со коронава тоа малку не доотепа, па малку да бидам искрен бев и разочаран од реакцииите на јавноста кога баравме одредени протоколи и услови за настап, па ни се нафрлија дека ние сме оние кои ја шират заразата, чумата, па тоа некако беше наметнато како став и мислење и од здравсвените работници и од оние комисии кои ги одредуваат протоколите. Така што ако сега не ни недостасуваат и немаме потреба од вакви настани, незнам кога. Еден тон мои колеги се доведени во ситуација последнава година и половина да немаат буквално леб да донесат дома, од она што вчера го работеле, а тоа се редовни настапи и концерти. Се надевам дека ова наското ќе се среди и дека ќе се вратиме на оние нормални услоци за настап и дека ќе свириме не само во летните месеци, бидејќи тоа некако така изгледа тоа, као сега ќе престане за некоја недела и повторно на принудна пензија, ќе видиме што ќе се случува“, додаде

Пеце им се извини на сите оние кои поради ригорозните протокли не беа во можност синоќа да го проследат нивниот настап и одличната забава.

Драго ни е што сме во Прилеп иако под едни чудни околности и јас морам да им се извинам на сите кои нема да успеат да влезат вечерва тука, бидејќи навистина е пријатен амбиент, а овие последни мерки кои се донесени и начинот на кој може да се присуствува на настаните, па и да се настапува се повеќе и од тешки. Некој може да влезе, некој не може, некој има сертификат , некој нема, а тоа по мене не е фер, не е коректно и се надевам дека за скоро ќе одржиме еден понормален концерт“, додаде Младеновски.

Во подготовка бил и нивниот нов албум, но полека започнувале и да се спремааат и јубилејот 30 години Суперхикс, но не сакаше да открива детали за тоа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи