Драма „Љубов низ рамки од тутун“ на „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сигурно сте слушнале за приказните на Томче и Стојанка од Чорбаџи Теодос, Ленче и Бошко од Бегалка, Данте и Беатриче, Антонио и Клеопатра, Коста и Раца и секако трагичниот љубовен пар на Шекспир – Ромео и Јулија.

Овие парови ги поврзува едно нешто – нивната сила, забранета и невозможна љубов, безброј пречки и трнлив пат до посакуваното.

Секако, тоа што е забрането секогаш е предизвик.

Што се случува кога прсти ќе вмешаат и постарите?

Во оваа драма едно е сигурно: две чорбаџиски фамилии – смртни непријатели, кои ги дели само градската река. Едните живеат на левата страна, другите на десната страна од реката. Инает, љубов, омраза, борба со ластегарки, низи од тутун и излегување од дома во 2 часот навечер?

Ви звучи интересно, нели? Дали оваа приказна ќе има среќен или трагичен крај, ве оставаме сами да откриете!

Драмата е по сценарио на Филип Стојаноски, под менторство на професорката Билјана Тинтоска, во изведба на членовите на Драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп.

Улогите ги толкуваат:

Сара Сурлаџиоска, Давор Петровиќ, Филип Стојаноски, Ивана Настеска, Илија Кулески, Елена Андоноска, Василиј Пенков, Теона Крстеска, Марија Недеска, Матеа Богданоска, Бисера Галеска, Мерјем Џелал, Сања Дамеска, Сергеј Петрушески, Бојан Гиноски, Леонид Момироски, Андреа Јованоска, Николина Стојкоска, Ирина Јованоска, Глорија Стефаноска, Фросина Трајкоска, Фросина Конеска, Ангела Кочоска, Ана Јорданоска, Матеа Костоска, Јована Трајкоска.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи