Во четврток ќе се отвори пункт за вакцинација на универзитетскиот кампус „Св. Кирил и Методиј“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека анализите на Mинистерството за здравство покажуваат дека добро се одвива процесот на вакцинација и расте бројот на вакцинирани повозрасни граѓани.

„Сега ставаме акцент да се вакцинираат помладите граѓани, вирусот се шири меѓу нив. Докажано е дека вакцината е безбедна. Само со вакцинација можеме да ги нормализираме животите. Во четврток ќе се отвори пункт за вакцинација и кај кампусот „Св. Кирил и Методиј“, соопшти министерот Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи