Промовирана поштенска марка по повод 30 години од независноста

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев, ја промовираше новата поштенска марка, по повод 8-ми септември, 30 години независност на Македонија.

„Верувам дека оваа поштенска марка која го отсликува нашиот голем тридецениски јубилеј ќе наиде соодветно место во колекциите на филателистите и понатаму со патување во светот преку писмата ќе биде најдобра промоција на нашата земја и ќе привлекува уште повеќе туристи кои ќе се заинтересираат да ја посетат Република Македонија и да го запознаат нашиот народ“, рече Заев.

Директорот на А.Д. „Пошта на Македонија“ Јани Макрадули нагласи дека е привилегија да се биде дел од промоцијата на оваа поштенска марка во чест на одлука на референдум за која гласале.

„ АД Пошта почетокот на независноста го одбележа со пригодна поштенска марка, од која „симболички ечеа зурли и тапани“. Денес, ја промовираме поштенската марка, издадена во 6.000 примероци, со номиналната вредност од 72 денари. (секако замолувам, деновиве да ја користиме повеќе оваа поштенска марка), на која е стилизирано знамето на нашата држава. Ве уверам дека нема посоодветен објект, од овој простор за одбележување, каде знамето е мотив. Зошто ако погледнеме нагоре, ќе го видиме нашето знаме изградено и вклопено во објект уште од 1974 година. Визија за која човек може да остане само нем, воодушевен гледач“, рече Макрадули.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи