СДСМ Крушево: Томе Христоски е најуспешниот градоначалник, ДПМНЕ нема што да бара на овие избори

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Општина Крушево го има најуспешниот градоначалник во историјата на Крушево. ВМРО ДПМНЕ знае дека на овие избори во Крушево нема што да бара, велат од СДСМ Крушево.

Соопштението го објавуваме во целост.

„За само 3 и пол години општина Крушево и владата изградија и реконструираа над 50 километри патишта како што се Крушево – Пуста Река, главната улица во Крушево, делови од улиците Киро Фетак, Партизанска, Питу Гули, потоа регионалнот пат Стопанство – Алданци – Норово, меѓуопштинските патишта Борино – Житоше, Бучин – Воѓани и локалните во Јакреново, Саждево и други. Самиот градоначалник најави реконструкција на патот Врбоец – Кривогаштани, а дел до програмата ќе бидат патиштата од овој дел на општина Крушево.

Во индустриската зона Опаленик веќе е продадена уште една парцела, а пред само неколку дена Томе Христоски најави инвестиција во изградба на фотоволтаични електрани вредна 5 милиони евра.

Кога се зборува за водоснабдувањето, општина Крушево веќе работи на оваа проблематика и обезбеди средства за реконструкција на дел од водоводната мрежа во градот, а се обезбедија 9 милиони денари за зафаќање на изворите од с. Сланско.

Но, да потсетиме и на другите проекти кои намерно се избегнуваат во прес конференцијата на кандидатот на ДПМНЕ Крушево:

Реконструкција на спортска сала
Реконструкција на горна училишна зграда
Реконструкција на параглајдинг центар со изградба на објект на полетувалиштето
Опремување на противпожарната единица со нови возила и опрема за вработените
Изградба на гробното место на Тоше
Набавка на камион за отпад, трактор со плуг за снег и косилка, ровокопач
Изградба на пат до Крушевско Езеро

Изградба на резервоари за вода во Белушино и Борино, тековно се работи на резервоар за вода во Јакреново, а ќе се гради и во Пресил
Изградба на фекална канализација во с. Норово
Доградба на цевковод во с. Саждево
Изградба на игралиште за фудбал и детско игралиште во с. Алданци

Почитувани, за 3 и пол години СДСМ во Крушево реализира проекти вредни над 6 милиони евра и затоа СДСМ и Томе Христоски се најдоброто за нашата општина. Тоа го знаат и граѓаните, го знае и ДПМНЕ Крушево“, пишува во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи