Спасовски: Ерменија распишала меѓународна потерница по македонскиот дипломат во времето на Наќе Чулев

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Власта без конкретен одговор дали Македонија ќе спроведе истрага за приведувањето на македонскиот дипломат баран со потерница од Ерменија. Според министерот Спасовски истрага се води во Ерменија, а премиерот Заев вети дека ќе се постапи согласно меѓународните договори.

„Во 2019 година има информации кои ги добива МНР во смисла на тоа дека е можно да имаме вклученост на наши дипломати во одредена постапка. За тоа веднаш е известено МВР, но во тој момент немало меѓународна потерница за ниту еден дипломат. Меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25. февруари 2020 година. Во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи е Наќе Чулев. Што во тој момент е направено, дали е известено МНР или не, немам детални информации“, вели Спасовски.

Спасовски вели дека пред да се случи ова не знаел дека е распишана меѓународна потерница и нагласи дека потерниците за ден-два се прикачуваат на системот во секторот за меѓународна соработка.

Одговарајќи на новинарски прашања, Спасовски рече дека конкретната истрага се води во Ерменија, односно истрагите се водат во државите каде што е сторено кривичното дело.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи