Управата за извршување санкции откри зошто Кичеец добил прекин на казната

Facebook
Twitter
Email
Print


На осудениот Зоран Милески – Кичеец, како што информираат од Управата за извршување санкции (УМС), со решение од 10.08.2021 година му е одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со чл. 225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите.

Казната затвор, која оваа осудено лице ја издржува во КПД од отворен вид Струга му се прекинува во времетраење од 30 дена и тоа од 10.08.2021 година до 09.09.2021 година на кој ден иститот треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната.

„Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а истиот му беше одобрен од причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 06.08.2021 година и на 09.08.2021 година во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид. Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, дспинеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Пациентот поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со amp.Presolol и amp.Cordarone и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција“, информираат од УИС.

Дијагнозата, се вели во соопштението, за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е „Суправентрикуларна тахикардија“ и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија.

„СВТ не е животнозагрозувачка дијагноза. Суправентрикуларна тахикардија се срцеви аритмии кои предизвикуваат несоодветно брз пулс и потекнуваат од преткоморите. Пациентот со оваа дијагноза не може да добие 30 дена боледување затоа што СВТ е ретко опасна по животот“, велат од Клиниката за кардиохирургија за ММС.

Кичеец откако призна вина доби затворска казна од три години во случајот „Рекет“. Тој во предметот беше третообвинето лице покрај Бојан Јовановски – Боки 13ка и екс – шефицата на СЈО, Катица Јанева, кои се осудени на девет, односно седум години затвор.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи