ВМРО-ДПМНЕ: Дали возилата запленети во акцијата со дрога на Плетвар им се враќаат на сопствениците?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кога Зоран Заев кажа дека го отворил судството како пупка, можеби мислел на тоа неговите соработници и луѓе блиски до власта, да може да имаат различен третман од останатите граѓани. Се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Прилепчани добро се сеќаваат на големата полициска акција од пред неколку месеци кога беше уапсен командирот на ПС Прилеп, Кире Спиркоски-Чипсиот.

Дали е вистина дека возилата со кои беше извршено кривичното дело, почнале да им се враќаат на сопствениците? Кривичниот законик е јасен. Наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурсорите, како и подвижните или недвижните предмети употребени за нивно правење, пренесување или растурање, ќе се одземат. Во нормални услови и во нормална држава, овие возила треба да бидат трајно одземени.

Јавноста заслужува одговор на прашањето дали возило марка „Ауди“ кое досега стоеше во депото на пајак службата во Кавадарци, по јавување на обвинителката до инспектор по недозволена трговија со дрога во Кавадарци, му е вратено на сопствениците?

За да донесе обвинител една ваква одлука, мора да постои огромен притисок?! Колку за споредба, возилата кои им се одземаат на луѓе кога ќе ги фатат за криумчарење мигранти не им се враќаат назад, а не пак за дело поврзано со 200 килограми марихуана?

За жал Македонија на чело со Зоран Заев и СДСМ на власт, ќе продолжи да тоне и да го пробива дното и по криминал и по корупција. Затоа се неопходни промени! Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, нема да дозволиме никој да се стави над законот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи