Маричиќ: Пет судови ќе бидат опфатени во првата фаза на дигитализација на судството

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео врска имаше обраќање на  настанот организиран од ЕПИ на тема „Дигитално судство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем”.

Според него во овој тежок период на светска пандемија, стана јасно дека дигиталната трансформација не е само пожелна, туку и апсолутно неопходна за ефикасен и функционален јавен сектор.

„Дигитализацијата на која сме фокусирани изминатиот период,  очекуваме да придонесе кон зголемување на транспарентноста и отвореноста на судовите, зголемување на  ефикасноста на судиите и судовите, и овозможување полесен и поедноставен пристап до правдата и до услугите“, вели Маричиќ.

Секој момент, како што посочи Маричиќ, се очекуваат да пристигнат во државата двајца експерти од САД во обиколка на судовите, со цел да направат целосна спецификација, бидејќи секој суд, секоја судница си има свои карактеристики, а соодветно на тоа и за потребата за опремување ќе биде различна.

Првите 5 судови кои ќе бидат опремени ќе бидат: Основните судови Штип, Кавадарци и Струмица, како и Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје.

Воедно, Маричиќ истакна дека ИКТ советот веќе започна со реализација на активностите предвидени во оперативниот план.

Меѓуинституционално, заедно со Министерството за информатичко општество и администација (МИОА) ги завршуваат преговорите околу воведувањето на дигиталните услуги за издавање уверенија и потврди од прекршочната и кривичната  евидинција.

Овие услуги се очекува да бидат достапни прво за физички лица и тоа во втората половина на септември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи