Одлука на Влада: Нема одење дома со службено возило и возење за лични потреби

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата на Република Македонија на денешната 104-та седница донесе Одлука за начинот на користење и одржување на службените возила, како уште една мерка за рационално користење на службените ствари и буџетските средства.

Со оваа одлука која е донесена на предлог на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, се утврдува начинот на користење и одржување на службените возила кои се во сопственост, односно се користат во министерствата и другите органи на државната управа, се утврдуваат корисниците на тие возила и начинот на користење од страна на корисниците носители на јавни функции именувани од Владата, и од страна на останатите вработени во државната управа со овластувања за користење возила за службени потреби.

Со оваа одлука ќе се воспостави унифициран и единствен начин на користење и одржување на службените возила со цел спречување на злоупотреба на ова право од страна на носителите на јавни функции и вработени во државната управа.

Одредени исклучоци од оваа одлука се утврдени во делот на службените возила во сопственост на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи