Проблемот не бил во интернетот, Симовски извести дека се рестартира системот за пописот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Моите информации говорaт дека во моментов се прави апдејт  и рестартирање на целокупниот процес за да се отстранат сите багови, кажа  директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Според него, вакви проблеми се очекувани кога се работи за технологија и тоа таква што прв пат се употребува кај нас. Симовски смета дека нема да има потреба од продолжување на рокот за одржување на пописот, заради овие проблеми, затоа што се очекува да се надминат во текот на овој ден.

„Денеска е трет ден од спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија. Одиме на терен, ја спроведуваме оваа активност и се надеваме дека ќе ја завршиме до крајот на предвидениот рок“, рече Симовски.

Досега немало казни за такви кои одбиле да се попишат иако имало неколкумина кои тоа го сториле, а Симовски наведе дека теренските попишувачи треба да ги убедат да учествуваат во пописот.

Од Државниот завод за статистика велат дека нивната апликација паднала, а не интернетот како што претходно изјави директорот Симовски. Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението од ДЗС.

„Денес, 6 септември, во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при  процесот на попишување на населението на терен. Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии.

Колку за илустрација,  во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации“, стои во извинувањето од ДЗС.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи