Утре е Св. Фануриј, не заборавајте да замесите Фанурија – колачот кој исполнува желба

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9-ти Септември и за кој се верува дека помага во исполнување на желбите на луѓето.

Во Прилеп за овој празник црквите се преполни со овие погачи кои се прават посни и само од 9 состојки.

Погачата Фануропита или Фанурија го добила името по младиот светец Фануриј кој живеел на островот Родос. Се приготвува кога имате некаква потреба, нешто изгубено, или работа, љубов, стан… му се молите на Свети Фануриј, го правите овој колач, а светецот ќе ви ја исполни вашата желба. Ова е народното верување и обичај.

По тој повод верниците замесуваат колач од 9 состојки. Обичај е ова лепче на кое е ставена свеќа, заедно со малку црвено вино да се носи во црква и да биде благословено и пеено од поп. Откога лепчето е благословено се крши со раце и се раздава со добра мисла на останатите верници во црквата, во домот, на пријателите и слично. Карактеристично е што додека се меси лепчето личноста која го меси се моли за благодет, среќа и мир во семејството, а потоа си замислува желба.

Повелете испробан рецепт за Фанурија. Состојки: 700 гр брашно 1 ванила 100 гр суво грозје 250 грама шеќер 1 филџанче масло ½ лажица сода бикарбона 1 лажица сол 1 квасец млака вода по потреба. Подготовка: Се замесуваат сите состојки заедно и се формира колач. Се пече на 200 степени додека не добие убава боја.

Нека е на здравје и нека ви се исполне желбата!

Кратка приказна за Фануропитата: Тоа е прекрасен посен традиционален колач или погача која се приготвува во чест на светецот Фануриј. Неговата мајка била зла жена и кога таа умрела никој не се молел за нејзината ду-ша.

Фануриос, кој бил честито и добро момче, на сите им помагал, а своите услуги не ги наплатувал, туку ги молел луѓето да го молат Господ да и ги прости гревовите на неговата мајка. Во негов спомен и за покој на ду-шата на неговата мајка, жените од островот Родос започнале да го прават овој колач.

„Фанероно” значи да се покаже, да се прикаже нешто, па така останал обичај, кога нешто ќе се изгуби да се направи овој колач за поскоро да се најде изгубениот предмет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи