Формирана комисија за туѓа нега во Прилеп, ќе ги покрива и општините oд регионот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство формира две нови комисии за туѓа нега (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост) за граѓаните на Прилеп и Гевгелија и регионот. Покрај постоечките комисии, во државата, новоформираните ќе одговорат на потребите на пациентите од овие два града, како и околните општини.

Комисијата за издавање конзилијарно мислење и наод, освен во Прилеп, ќе ги покрива и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани. Комисијата во Гевгелија освен оваа општина ќе ги опфати и општините Богданци, Валандово и Дојран.

Со формирањето на двете нови Комисии за овие места ќе се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице. Сега граѓаните нема да треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат.

Изминатиов период Министерството за здравство ги зголеми термините за разгледување на медицинската документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно.

Со новите Комисии и зголемување на термините ќе бидат задоволени потребите и навреме ќе бидат разгледани сите поднесени барања на граѓаните, соопшти Министерството за здравство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи