ВИДЕО – Документарен филм за Денот на независноста на прилепските гимназијалци Тамара Спасевска и Никола Димовски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Илинден 1903, АСНОМ 1944 и референдумот од осми септември 1991 година, се најсветлите настани од македонската историја со кои се создаваше македонската државност, се остваруваше сонот на многу македонски генерации. Независна македонска држава, беше идеал на илинденците, на партизаните, на сите македонски патриоти, на сите кои си ја сакаат татковината, на сите кои си ја сакаат Македонија.

Македонскиот сон за своја самостојна држава се оствари токму на осми септември 1991 година, кога со референдум граѓаните на Македонија го избраа патот на самостојноста и независноста.

Во чест на Денот на независноста, учениците Тамара Спасевска и Никола Димовски, под менторство на професорот Кире Николоски, изработија краток документарен видео запис за историските случувања, за референдумот и значењето на овој голем празник.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи