Орден „8 Септември“ за првиот претседател на Собранието Андов и првиот пратенички состав

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот Стево Пендаровски на првиот претседател на првото повеќепартиско Собрание Стојан Андов, му додели Орден „8 Септември“ за особен придонес, почит и како благодарност за изградбата по осамостојувањето на нашата држава.

Овој највисок орден на честа Пендаровски му го доделил на Андов пред неколку дена дома, поради возраста и опасноста од зараза со коронавирус.

На денешниот свечен настан во претседателската Вила Водно, на видеобим беше пуштена снимка од врачувањето на орденот дома кај спикерот Андов. Досега, Орден „8 Септември” им е доделен на првиот претседател на суверена и самостојна Македонија Киро Глигоров и на првиот премиер Никола Кљусев.

„Пратениците од првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија и првиот претседател Стојан Андов имаа историска улога во изградбата на самостојна и независна македонска држава.

Го започнаа процесот на демократска транзиција на државата и општеството. Уште во 1991-вата година со едногласна одлука, се определија за членство на нашата земја и во НАТО и во ЕУ. Ги поставија основите за изградба на нов правен и економски систем.

По повод Денот на независноста Стојан Андов и пратениците во мандатниот период од 1990 до 1994 година ги одликував со орден „8 Септември“, вели Пендаровски.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи