Јованоски: Нашата понова историја не памети посветол и позначаен датум од 8. Септември 1991 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


По повод 30-годишнината од независноста, делегации од локалната самоуправа, на Сојузот на борците, од институции и на политички партии се поклонија и положија свежи цвеќиња пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто во центарот на Прилеп и пред Могилата на непобедените во паркот на Ревоуцијата.

Градоначалникот Илија Јованоски потсетува на обврската да продолжиме со градењето држава со високи демократски вредности, држава во која ќе владеат правото и правдата.

„Нашата понова историја не памети посветол и позначаен датум од 8. Септември 1991 година. Ако пред 30 години сонот на тогашните генерации беше независна и самостојна држава, денешните генерации сонуваат за економски силна, стабилна и меѓународно почитувана земја, членка на НАТО и ЕУ. 

Сојузништвото со земјите од најмоќната воено-политичка алијанса е реалност, а од членството во големото семејство на европските народи не’ дели само чекор.

Во изминатите три децении поминавме многу премрежја и предизвици. Не беше ниту лесно, ниту едноставно да се остане на вистинскиот пат, да се зачуваат придобивките од чинот на осамостојувањето.

Оддавајќи им почит на илинденците и на борците од антифашистичката револуција, до сите политички чинители упатувам апел за сплотеност, за обединување по сите прашања кои се клучни за иднината на граѓаните на нашата држава, за просперитетот на Република Северна Македонија.

Имаме обврска да продолжиме со градењето држава со високи демократски вредности, држава во која ќе владеат правото и правдата. Бидејќи, тоа првенствено им го должиме на нашите деца, на нашите внуци, на идните поколенија.

Нека е честит Денот на независноста, 8 Септември!“, напиша Јованоски на неговиот Фејсбук профил.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи