Пендаровски: Засега нема индиции дека пожарот во Тетово е подметнат, барам истрагата да заврши во најбрз можен рок

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Претседателот Стево Пендаровски денеска во Тетово ја посети опожарената модуларна болница наменета за лекување на Ковид-19 пациенти во Тетово, каде во синоќешниот пожар загинаа 14 лица. Според досегашните информации, Пендаровски изјави дека не постојат индиции дека пожарот бил намерно предизвикан.

„До овој момент нема никаков индикатор дека ова е направено намерно со цел да се постигне некаква друга политичка цел. Меѓутоа, велам, тоа е во овој момент и се разбира тоа ќе ви го каже денеска или наредниве денови надлежниот јавен обвинител. Процедурата е тие даваат наредби до другите надлежни институции од обдукција до МВР. Обвинителот ми рече дека ќе им даде многу кратки рокови, веројатно пет дена за секоја институција да одговори од својата надлежност, по нивното добивање на тие сепак извештаи ќе излезе тој со свој збирен извештај во кој ќе се види прво што е причината за пожарот и второ и дали зад тоа евентуално има човечка грешка“, изјави Пендаровски.

На новинарско прашање дали ќе побара оставка од некого, претседателот Пендаровски истакна дека секогаш инсистира на одговорност, политичка или морална, и изјави дека мора да се почекаат наодите на истрагата. Расветлувањето на ваквите случаи, според претседателот Пендаровски се тест преку кој треба да потврдиме дали навистина ја заслужуваме независноста на државата.

„Сè уште е рано, не поминале ниту 24 часа од пожарот. Јас секогаш инсистирам да има и морална и политичка и субјективна и секаква одговорност, меѓутоа во овој момент не знам дали постои основ за таква одговорност. Она што го знам е дека во што побрз период да се излезе со истрага и извештај за да нема сомнеж дека некој нешто прикрива и не сака да истражи“, истакна Пендаровски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи