Попишувачите денеска останале дома, Симовски не дава детали зошто

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Попишувачите денеска повторно не излегле на терен за да ја спроведат статистичката операција, јавува „Плусинфо“. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за „Плусинфо“ кратко изјавил дека не може да даде повеќе детали зошто попишувачите останале дома.

„Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со пописот. Во моментов сум на состанок и наскоро ќе добиете соопштение од Владата“, изјави Симовски.

Пописот е предвидено да заврши на 30 септември, а досега се попишани околу 190.000 граѓани.

Извор: Плусинфо

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи