Продолжува повлекувањето на водата во Преспанското Езеро

Facebook
Twitter
Email
Print


Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е намален за по еден сантиметар во споредба со вчера, додека нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР).

Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е девет сантиметри под апсолутниот минимум и е за 1,61 метар понизок од повеќегодишниот просек за септември. Пониско од просечното и тоа за 13 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,59 метри повисок од просекот за овој месец.

Пониски од просечните се и нивоата на повеќето реки во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи