Транснационален состанок во Романија во рамките на проектот “Иницијатива за младинско вработување” (YEI)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во фокусот на своите активности од самото основање ги има младите и обезбедувањето на социјална вклученост и економска независниот на младите лица од руралните средини. Во последните неколку години, вработувањето на младите сѐ повеќе се актуализира и добива сѐ поголема важност на националните и на глобалните агенди за развој, како последица на ранливоста на младите лица поради високата стапка на младинска невработеност, конкурентноста на пазарот на трудот како и нееднаквоста на пазарот на трудот меѓу различни групи млади луѓе од аспект на нивната транзиција од образование кон вработување.

Со поддршка на Еразмус+ програмата на Европска Унија и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, ЛАГ АГРО ЛИДЕР во партнерство со Асоцијацијата InCo Молфета, Италија и Асоцијацијата Tineri pentru Comuniatte Бистрица, Романија го спроведуваат проектот “Иницијатива за младинско вработување” (YEI) насочен кон креирање на програма за за зајакнување на работните и меките вештини кај младите лица со цел да бидат поконкурентни на пазарот на трудот и да се зголеми младинската вработливост.

На 5ти и 6ти Септември 2021 година во Бистрица, Романија претставници на партнерските организации одржаа состанок на кој беа дискутирани активностите и идните планови во рамките на проектот “Иницијатива за младинско вработување”.

Факт е дека младинската невработеност е еден од најгорливите социоекономски проблеми со кој се соочуваат голем број земји во светот. Нашата држава, но и земјите од партнерските организации Италија и Романија,  се соочуваат со висок процент на невработеност, проследена со нееднаквост и социјална исклученост, особено кај младата популација.  Долгите периоди на невработеност влијаат врз можностите на младите да обезбедат работно место со можност за кариера и за пристојна плата, младите невработени лица се соочуваат со зголемен ризик од маргинализација, особено тука спаѓаат млади без образование и млади што доаѓаат од семејства со понизок социоекономски статус и од руралните подрачја. Токму наведените појави се причина да организациите во рамките на проектот,  креираат програма за поддршка на вработување на млади насочена кон детектирање на индивидуалните компетенции на младите лица кои ќе бидат вклучени во програмата, проследено со  детектирање на преференциите на работодавците во поглед на вработувањето млади лица, и поврзување на младите лица со потенцијални работодавачи.

Во наредниот период ќе започне пилотирање на програмата за вработување на млади во заедниците на партнер организациите од Македонија, Италија и Романија, а следењето на програмата ќе овозможи идентификување на добрите практики и можностите за вработување на млади и достигнување на поголема вработливост на младите во земјите учеснички во проектот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи