Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, изрази сочувство до Македонија за настраданите во пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово.
„Многу сум тажна. Моите мисли одат кон луѓето во Македонија и сите оние кои ги загубија своите најблиски“, се вели во твитот објавен од портпарлот на Советот на Европа Даниел Холтген.