Внесувањето на многу сол во организмот го ослабува имуниот систем

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Голем дел од луѓето низ светот внесуваат многу повеќе сол отколку што им е потребно. Според Американското здружение на заболени од срце, 9 од 10 лица во САД консумираат премногу сол на дневно ниво. Докторите препорачуваат да се внесуваат најмногу 2.300 милиграми натриум дневно, а според податоците, Американците консумираат просечно 3.400 милиграми натриум дневно.

Што може да се случи од прекумерното внесување на сол?

Појава на отоци

Ако прстените ви се малку тесни, ако ви отекуваат стапалата или ако наутро ви отекува лицето, веројатно внесувате премногу сол. Ова е состојба во која вашето тело почнува да задржува вишок вода како резултат на големото количество сол. Нарушувањето е наречено едема и се третира со строга диета.

Задржување на водата во организмот

Дали ви се случило стомакот да ви е подуен веднаш по јадењето на нешто солено? Ова е затоа што вашите бубрези ја задржуваат целата дополнителна количина на вода која ќе ја испиете, бидејќи настојуваат да го задржат соодносот помеѓу внесениот натриум и вода во телото.

Постојано сте жедни

Кога ќе изедете нешто солено, чувствувате постојана жед. Причината е иста, телото има потреба да го одржува специфичниот сооднос помеѓу натриумот и водата.

Крвниот притисок може да се зголеми

Доколку јадете значителна количина на солена храна, може да се соочите со зголемен крвен притисок. Ова се случува бидејќи натриумот предизвикува проток на повеќе крв низ крвните садови.

Го зголемува ризикот од срцеви заболувања

Еден од можните долготрајни ефекти на консумирањето премногу натриум е зголемениот ризик од заболувања на срцето. Постојат доволно докази дека прекумерното внесување натриум предизвикува зголемен крвен притисок, а тоа води кон собирање на крвните садови. Како резултат на ова, се јавува зголемен ризик од заболувања на срцето.

Зголемување на телесната тежина

Јадењето многу сол доведува до задржување на повеќе вода во телото, а тоа може да се покаже на вагата, велат нутриционистите. Освен тоа, солената храна може да ги зголеми маснотиите во крвта бидејќи солената храна најчесто е многу калорична и заразна за јадење.

Болки во коските

Кога внесувате премногу кујнска сол, бубрезите не можат целосно да ја исфрлат, а ова го зголемува губењето на калциумот. Хроничниот недостаток од калциум резултира со слаби коски, проблеми со забите, па дури и остеопороза.

Како да го намалите внесувањето на сол?

Избегнувајте ја храната што содржи најмногу сол. Овде спаѓаат леб, пици, сендвичи и бургери, конзервирано месо, конзервирани супи и слично.

Избегнувајте преработена храна или храна од ресторан. Често овие оброци се полни со адитиви, како и со многу натриум.

Секогаш проверувајте ги состојките и количеството натриум во намирниците. Најдобро е да користите намирници со 5% или помалку натриум од препорачаната дневна доза.

Експериментирајте со нови вкусови. Наместо да додавате сол, подобрете го вкусот на храната со свежи и суви зачини, или киселини како лимон и оцет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи