Нуредини: Модуларната изгоре цела за 3 минути, суво дрво да беше немаше да изгори толку брзо

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сѐ се случи за време од 3-5 минути, рече денеска во изјава за медиумите координаторот на Ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини. Како што кажа тој, за тоа време присутните успеале да спасат 12 животи.

„Тоа сѐ траеше 3-5 минути. Медицинските екипи, вработените и лица коишто беа надвор, роднини коишто сакаат да комуницираат со нас…сите тие помагаа и замислете, сѐ се случи за 3 минути. За тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеа бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор“, рече Нуредини.

Тој додаде дека уште вечерта бил повикан јавен обвинител бидејќи на сите им било чудно што за толку кратко време од објектот останало само железо.

„Ние не сме експерти баравме јавен обвинител, цел објект бил во пламен наеднаш. Мене ми е чудно и суво дрво да е, нема да гори толку брзо. Сепак не сакаме да го политизираме настанот, истрагата нека утврди како се случи и зошто изгоре толку брзо“, вели Нуредини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи